35-годишниот Албанец Ералд Јонузи кој го имал прекарот „Заку“ е убиен утрово во Грција со четири куршуми. Како што објавуваат медиуми, наводно бил вмешан во случаи на фалсификување, а претходно одлежал затворска казна за обид за убиство од небрежност.

Албанецот кој беше ликвидиран рано утрово во Евосмос, Солун, им бил познат на властите. Според албанските медиуми, 35-годишниот Албанец го имал прекарот „Заку“ и наводно бил поврзан со фалсификати, додека во минатото издржувал затворска казна за обид за убиство од небрежност. Во исто време, некои извештаи го поврзуваат со случаи на дрога.

Заседата против 35-годишникот била поставена во раните утрински часови во четвртокот кога тој се враќал во станбената зграда во која живеел, на улицата „Визињу“.

– Беше 50 минути по полноќ во средата кога 35-годишникот сам си одеше дома. Откако го паркирал автомобилот се упатил кон влезот на станбената зграда без да знае дека таму го чекаат неговите џелати, објавуваат грчките медиуми.

Напаѓачите пукале неколку пати, при што полицајците пронашле четири чаури од пиштолот.

Полициски извори, зборуваат за инцидент кој алудира на расчистување на сметки меѓу луѓе од подземјето. Истрагата за инцидентот со пукање во Евосмос ја презеде Одделот за злосторства против животот на Управата за безбедност во Солун.