Потресна сцена е снимена во град во Израел, за време на конфликтот меѓу Израел и Палестина, која ја покажа сета трагедија од војната која беснее веќе втор ден.
Имено, на едно видео кое беше споделено на социјалните мрежи, на кое се гледа видео од безбедносна камера, може да се види израелско семејство кое успева да побегне од милитантната организација Хамас, додека не стигне до последниот член на семејството.
Како што е објаснето над видеото, таткото на едно семејство успеал да најде безбеден излез од куќата за своето семејство кое брои десет члена, меѓу кои и деца.
И додека децата први ја напуштаат куќата и бегаат од покривот, низ прозорецот, а по нив возрасните, трагично завршува последниот член од семејството за кој се претпоставува дека е глава на семејството, односно таткото.
На крајот од видеото се гледа како тој добива куршум во последен момент, додека се уште е во куќата со половина тело, практично виси од прозорецот. Човекот паѓа од прозорец откако истрелите одекнуваат низ улицата и не успева да им се придружи на остатокот од семејството, кои бегаат во потрага по засолниште.
❗️ An Israeli man helped his family escape from Hamas, unfortunately at the cost of his own life
The head of the family was able to rescue his entire family through a window to the roof of the house, but was killed by Hamas terrorists. pic.twitter.com/uRSCMq2MVp
— NEXTA (@nexta_tv) October 8, 2023