Новото видео кое покажува како за влакно се извлече Доналд Трамп кога 20-годишниот Томас Метју Крукс пукаше во него во Пенсилванија, ги обиколи социјалните мрежи.

На видеото се гледа како американскиот претседателски кандидат бил поштеден од најлошото бидејќи непосредно пред испукувањето ба куршумот Трамп ја свртел главата надесно и куршумот го повредил неговото уво.

На истата снимка е снимено дека доколку Доналд Трамп продолжил да гледа кон насобраната толпа, куршумот би му завршил воглавата што би резултирало со негова многу посериозна, ако не и фатална повреда.