Мото ГП попладнево соопшти дека 19 годишниот Џејсон Дупаские им подлегнал на повредите и починал по синоќешниот страшен инцидент во Муџело.

Мото светот тагува, почина 19 годишниот Џесон Дупаские. Возачот од Швајцарија синоќа имаше страшен инцидент во Муџело на „слепиот“ свиок Арабиата.

Откако му се укажа лекарска помош на патеката, со хеликоптер веднаш беше пренесен во болница во Фиренца. Во текот на вечерта биле извршени неколку операции, но повредите биле сериозни младото момче го загубило животот.

„Со големо жалење известуваме за смртта на Џејсон Дупаские. Во името на целото Мото ГП семејство, испраѓаме сочувство до неговиот тим, неговото семејство и неговите сакани. Ќе ни недостасуваш многу“ – гласеше известувањето.