Жена од село Јаболчиште на возраст од 42 години години завчера починала во велешката болница, на Одделението за невропсихијатрија. Како и од што починала пациентката, од Министерството за внатрешни работи се уште не откриваат.

За ,,Фокус” само кратко го потврдија настанот, а повеќе детали најавија по добивањето на резултатите од обдукцијата.

Дали пациентката била хоспитализирана или пак дошла на преглед, што претходело на настанот и како се случил истиот, не се соопштуваат детали.

„На 5-ти јули, во 16:30 часот од Јавна здравствена установа Општа болница Велес, било пријавено дека на Одделение за невропсихијатрија починала 42-годишната Х.Д. од село Јаболчиште, Општина Чашка. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција“, соопшти СВР Велес.