Две девојки на возраст од 23 и 24 години загинаа во страшна сообраќајна несреќа на патот Ваљево-Шабац во соседна Србија. Како што пишува порталот Телеграф, тие биле во автомобил „ауди А4“ управуван од 22-годишен белграѓанец.

Возачот наводно изгубил контрола над автомобилот и слетал во каналот од десната страна на патот. После тоа удрил во бетонска ограда. На лице место животот го загубиле Јелена С.(24) и Кристина П.(23).

Возачот и уште двајца сопатници, 18-годишник од Ваљево и 22-годишник од село Близоње, се тешко повредени и итно пренесени во Ургентниот центар во Белград.

Според мештаните кои живеат во близина на местото на оваа страшна трагедија, иако дозволената брзина е 50 км/ч, повеќето возачи не ја почитуваат.

– Патот е со три ленти, прилично е чист и претежно се вози 80 и повеќе – велат тие. Инаку, на истото место често се случуваат несреќи, објасни соговорникот.

– Има некој превој и е ризичен пат, пред неколку години таму загинаа зет и тешта… да не зборуваме колку други несреќи се случиле таму – вели мештанката.

Се претпоставува дека причина за несреќата е влажен асфалт, но брзината на движење, сепак, што точно се случило ќе утврди истрагата која е во тек.

Оваа несреќа дополнително ги истакна опасностите на патот Ваљево-Шабац, каде претходно се случија уште две сообраќајни несреќи со смртни последици, во кои загинаа шест лица, меѓу кои и младиот ракометар Огњен Пејиќ (21).