Едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија, објавија медиумите. Порталот „Камник.инфо“ објави дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице.
Полицијата утринава соопшти дека пред куќа во месноста Камник е пронајдено тело на мештанин, но дека поради поплавите, не можеле да излезат на местото на настанот.
Силниот дожд предизвика големи поплави во западна, северна и во делови од централна Словенија, а Агенцијата за животна средина (АРСО) го крена алармот на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.
Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од северна, северозападна и централна Словенија паднале над 100 милиметри дожд во рок од 24 часа, што е просечната месечна количина врнежи.
Според прогнозата, се очекува дождот да продолжи да врне и в сабота, а за тие делови од земјата е издадено црвено предупредување бидејќи реките во некои делови се веќе излеани.
Во Коменда, северно од Љубљана, беше прогласена вонредна состојба поради поплавите, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки бидејќи сите патишта се блокирани, пренесе агенцијата СТА.
Луѓето мораа да бидат евакуирани од неколку делови на земјата, вклучително и долината Личница во општина Медводе, северозападно од Љубљана. Врнежите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и во северозападниот регион Горење. Најлоша е состојбата во областа Шкофја Лока, во долините Селца и Полјана, кои се отсечени од светот поради поплавените патишта. Во поширокото подрачје на Шкофја Лока поплавени се станбени, деловни и други објекти, а одрони им се закануваат на куќи и патишта.
Одрон во Требија оштети пожарникарско возило, а во Цирје се поплавени повеќе од 100 згради, меѓу кои и неколку деловни објекти, а повеќето патишта беа непроодни.
Поплавите и свлечиштата блокираа и неколку патишта во западниот град Идрија, каде што луѓето се повикуваат да не ги напуштаат своите домови, освен кога е потребно.
Helikopterska posadka se kljub megli in težkim razmeram prebija proti Slovenj Gradcu da pomaga sodržavljanom in sodržavljankam, ki potrebujejo našo pomoč. Razmere na tleh so resne. Posnetek iz Koroške. #VslužbiDomovine #zaLjudi pic.twitter.com/MfM2pfTL0v
— Slovenska vojska (@Slovenskavojska) August 4, 2023
Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи регистрира повеќе од 1.000 инциденти поврзани со временските услови во рок од 12 часа во Словенија, при што беа распоредени околу 170 противпожарни единици.
Во текот на ноќта пожарникарите испумпувале вода од поплавените згради, ги спасувале поплавените возила, ги отстранувале остатоците под мостовите и обезбедувале одрони.
Луѓето се евакуираат
Луѓето беа евакуирани од најмалку три кампа. Многумина нашле засолниште на покривите, каде што чекаат да бидат евакуирани со хеликоптер. Куќи беа поплавени, а патиштата беа блокирани и во други делови на Словенија, вклучително и во регионот Толмин и Корушка.
#Predano Helikopterska posadka @Slovenskavojska izvaja evakuacijo iz območja Škofje Loke. Okoli 100 pripadnic in pripadnikov SV aktivnih na drugih območjih.
📽 Tina Kurdija pic.twitter.com/CExGPC9RDs— Slovenska vojska (@Slovenskavojska) August 4, 2023
Најобилни врнежи се забележани од четвртокот од 16 часот до четири часот утринава на метеоролошките станици Пасја и Раван, северозападно од Љубљана, со 182,7 милиметра на квадратен метар, и Вогел и Рудно Поље на Алпите, со над 170 милиметри.
Повеќе од 150 милиметри дожд е забележан на аеродромот во Љубљана.
Драматично спасување жена
Драматично видео пристигнува од словенскиот град Полјана. Водата го поплави патот, каде што возач остана заглавен во автомобилот среде порој.
„Фала му на бога, ја спасивме госпоѓата. Во близина се нашле двајца алпинисти. Госпоѓата е безбедна, многу е среќна што го преживеала овој хорор“, изјавил еден од спасувачите, Јасмин Бајректаревиќ, кој опишал што се случило.
„Мислам дека сите бевме по малку во шок. Госпоѓата викаше за помош од автомобилот, а ние бргу реагиравме бидејќи сфативме дека пожарникарите не може да стигнат до нас“, додаде тој.