Од СВР Тетово потврдуваат дека попладнево се случило двојно убиство во тетовско Челопек.
Од таму за ТВ21 истакнале се работи за лице на возраст од околу 60 години кое е осомничено за убиството на две лица во Челопек.
„Уапсено е 60-годишно лице со иницијали И.И. од село Челопек, по пријава околу 14 часот и 10 минути дека убил 2 негови братучеди од истото село и повредил еден од нив“, велат од СВР-Тетово.
Исто така, ранет е и осомничениот за убиствата, најверојатно од огненото оружје.
СВР Тетово засега не може да го потврди идентитетот и возраста на двајцата загинати и повредени.
Ооттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дека полицијата е на терен заедно со Брзата помош и екипи на Обвинителството.
Мотивот најверојатно е за паркинг.