Вечерва во салата на МТС во Белград беше организиран концертот на Калиопи, а непосредно пред почетокот на концертот на една жена од публиката и се слоши, по што дојде брза помош.

– Во тек е реанимација која трае веќе половина час, а ќерката на несреќната жена која е во инвалидска количка, е целосно избезумена немилата ситуација, објави вечерва Блиц.рс.

Калиопи е очајна и во солзи, бидејќи како што пишува Блиц.рс, пејачката наводно ја познава жената, а во тек е евакуација од салата, дознава „Блиц“.

Жената, инаку, дошла од Македонија со група обожаватели на пејачката.