Денеска е објавено видео снимено во Виена на кое се гледа девојче на слична возраст кое личи на исчезнатата Данка Илиќ (2). Споменатото видео е направено од Србин кој живее и работи во австриската престолнина, а на него може да се види девојче за која се сомневаат дека е Данка Илиќ (2).

Како што претходно напиша „Блиц“, српската полиција во ноќта меѓу саботата и неделата околу три часот по полноќ добила мејл од Виена, во кој српски државјанин наведува дека видел девојче кое наводно личи на Данка.

Еве што напиша српски државјанин во мејлот : „Видов дете како се оттргнува и вреска“

– Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов како дете се оттргнува и вреска. Прво набљудував, а потоа почнав да снимам. Сè се случи на една трамвајска станица. Со детето имаше две жени кои меѓусебно разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав како, но девојчето воопшто не се одзиваше – вели во мејлот Србинот од Виена, кој потоа испратил и видео од детето до полицијата во Белград.

Виенската полиција започна истрага

Според извори од истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција.

– Тие веднаш реагираа и одговорија на сите барања кои им беа препратени. Остварена е соработка, а локалната полиција покрена истрага и се надева на позитивен исход – изјави изворот.

– Српската полиција веднаш стапи во контакт со Европол, на кој му беа испратени сите познати податоци и видеото.