Тешка сообраќајна несреќе се случи попладнево, кога автомобил на патот Рашче-Сарај заврши во реката Вардар.
Според полициски извори, во автомобилот се наоѓале пет лица од семејството Арслани, од село Грчец.
Станува збор за брачен пар, кои патувале со едниот син и снаата од другиот син.
Алсат дознава дека петтиот патник е петгодишно дете кое излетало пред возилото да слета во реката. Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.
Се уште нема информации за здравствената состојба на детето.
На местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по останатите 4 лица, од кои во моментов нема трага.