На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое исказ даваше обвинетиот Велибор Манев, за првпат се откри дека имало уште едно лице кое е вклучено во прикривањето на доказите.
Манев му се обрати на првообвинетиот Љупчо Палевски и му рече да каже каде го има фрлено пиштолот и „моторолите“.
Негов послушник кој му беше како потрчко ги има земено од канцеларијата, откри за првпат Манев.
Додаде дека Палевски треба да открие на кого му дава наредба да ги уништи.
Човекот е фамилијарен и затоа досега не сакав да откривам, објасни Манев за тоа зошто дури сега ова го кажува.
Палевски му се јавил на Манев дека заминува за Турција и му рекол: „Јави му се на човекот да го земе пакетот од канцеларија и да го отстрани“.
Иако Палевски говорел за пакет се работело за син ранец.
Тој човек воопшто не учестуваше во убиствата и да не ја минува истата голгота досега не го спомнав, додаде Манев.
FacebookTwitterCopy LinkShare