Познатиот македонски бодибилдер вчера во 09 часот и 15 минути бил пронајден починат во својот дом.
Пријава пристигнала и во полицијата.
„На 06.03.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П.(47) од Скопје“, информираат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.