Грција е шокирана од смртта на 11-годишниот Христос, син на актерот Одисеј Стамулис. Детето, според изјавите на градоначалникот на островот, Димитрис Каридис, било пронајдено мртво покрај пловка на 50 метри од копното, додека се уште не е разјаснето дали изгубило свест, било однесено од струите и се нашло на пловката и на кој начин завршило заплеткано во мрежи и било заробен, поради што го загубило животот. Се очекува форензичкото вештачење што ќе се одржи на Самос да ја расветли причината за смртта на детето.

„Детето го најдовме покрај пловка, за жал го најдовме Христос удавен. Детето најверојатно се удавило откако ветерот го однел. Пловката била на 50 метри од копно, ако бил во опасност можел да вика. За жал, не е јасно што се случило“, господинот Каридис во изјава за грчките медиуми.

„Сите сме шокирани. Беше дете, за жал тоа беше неговата судбина. Плажите овде не се организирани за да има спасител. Детето беше од Фурниотаки, мајка му е моја братучетка. Детето беше тука на одмор. Тоа е настан кој погоди целиот остров“, додаде градоначалникот на Фурна.

Според она што стана познато, 11-годишникот заминал да плива на плажата Плака тон Фурни, според досегашните информации, земајќи ја со себе маската. Но, тој задоцнил да се врати и мајка му се загрижила. Во 18.00 часот попладне и откако го барала синот кај роднините, отишла кај надлежните и загрижено информирала дека од 14.00 часот напладне не се слушнала со детето. Крајбрежната стража веднаш ги известила чамците што минувале и во соработка со полицијата започнала потрагата.

Сигналот издаден од крајбрежната стража се однесувал на 11-годишно момче кое било облечено во син костим за капење со портокалова лента. Како што минуваше времето немаше резултат и сите се плашеа од најлошото. Неговата мајка се шетала со фотографија од своето дете, прашувајќи дали некој го видел малото момче. Во 20 часот и 30 минути случаен минувач го забележал телото на малото момче во морето, покрај пловка во новото пристаниште на островот.

Кога го извлекле малото момче од морето, луѓето почнале да плачат и да викаат „Доктори, повикајте доктори!“. Доктор излегол на лице место и му дал вештачко дишење кое не било успешно. Детето со возило на Итна медицинска помош ЕКАВ било пренесено во руралната амбуланта во Фурни, каде била констатирана смрт. Обдукцијата ќе ја расветли точната причина за смртта на малолетникот.

Имал договорено да се сретне со братучед на капење

Според информациите, малолетното дете договорило да оди на пливање со братучед, но на местото на трагедијата пристигнало порано, без да биде забележано од никого со часови. Утрово телото на несреќниот 11-годишник ќе биде пренесено во Самос за обдукција. Во Министерството за поморство се уште немаат јасна слика за трагичниот инцидент и го чекаат официјалниот извештај од островот.

Според првите информации, момчето најверојатно се заплеткало во мрежите и не успеало да излезе на површината на морето. Но, друго сценарио што се разгледува е дека 11-годишното момче од непозната причина изгубило свест во морето, а потоа морските струи го одвлекле во мрежите.