Боре Видевски, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е задржан на Клиниката за нефрологија. Ова го потврдува директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски за „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција од клиниката, тој е вон животна опасност.
Извори ни тврдат дека Видевски има еден бубрег и тоа дониран, за кој треба да прима терапија. Останува отворено прашањето дали прима соодветна терапија или одбива.
Се очекува наскоро тој да биде вратен во притворското одделение на Скопје, бидејќи состојбата му е подобрена.
Ова не е првпат Видевски да биде носен на проверки на Клиника, по негови поплаки за влошена состојба.