Околу 18 часот и 10 минути, затвореник за кој во моментов не е јасно како го напуштил затворот, пукал кон член на групата Грчец, дознава ТВ21 од свои извори.
Лицето кое во моментот се движело по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ било пукано во ногата. Потоа итно е префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Лекарите констатирале прострелна рана на ногата.