Едно лице почина, а друго се бори за живот по пад на лифт во ресторанот Астибо Плаза во Штип, објави локалната Телевизија Стар. 71-годишен маж загина во несреќа во лифт во ресторан во Штип, а друг се бори за живот.

Човек на возраст од 71 година вчера загина во несреќа во лифт во ресторан, а друго лице на возраст од 56 години се бори за живот и е пренесено во Клиничката болница – Штип.

Засега од Министерството за внатрешни работи нема повеќе детали за случајот. Како што објави локалната телевизија Стар, починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

Според информациите на Прес 24, починатото лице е повозрасен маж во пензија кој работел како келнер во угостителскиот објект каде се случила несреќата, а другото лице кое се бори за живот е исто така маж и извршувал работни обврски како келнер во угостителскиот објект. Двајцата се во роднинска врска. Мажот кој се бори за живот е вработен во ОУ Гоце Делчев во Штип, а во ресторанот работел дополнително.

Лани во Скопје 23 годишно момче загина од пад на лифт. Во 2016 година во Куманово дете загина во лифт.

ОФИЦИЈАЛНО ОД МВР: Загинатиот има 71 година

На 18.05.2024 во 16.24 часот во СВР Штип било пријавено дека во хотел во Штип, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Стабилна е состојбата на повредениот

Стабилна е состојбата на 56 – годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Во меѓувреме, директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска за МИА изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.

Таа посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот.

Од Обвинителството информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.