Момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, за време на сведочењето преку видео врска открил дека татко му го нарекувал психопат!

– Во текот на сведочењето во истрагата што Вишото јавно обвинителство во Белград го спроведува против неговиот татко поради сомнение дека не го обезбедувал соодветно оружјето што го поседувал и дека го носел синот на стрелиште, момчето убиец одговарало на прашања за семејните односи. Во еден момент рече „татко ми ми кажа дека сум психопат“, како и „отидовме на стрелиште за да го поправиме односот и да работиме на тоа“ – открива извор на српските медиуми и додава дека останува нејасно што му претходело на таткото да го нарече својот син психопат.

Инаку, интересно е и тоа што неколку минути откако пукал во училишното обезбедување, потоа трите девојчиња кои ги затекнал во ходникот, а потоа и другарките и соучениците, на полицајците кои брзо пристигнале на местото на настанот и го прашале зошто го направил тоа им рекол: „Јас сум психопат“.

Српските безбедносни служби го проверуваат компјутерот на момчето-убиец поради сомнеж дека тој преку насилна видео игра разменувал пораки со други играчи и таму открил дека планира злосторство. Се сомнева дека некои од нив дури и го испровоцирале и изјавиле дека нема „храброст за тоа“.

Била откриена и преписка во која на луѓето со кои комуницирал преку играта се фалел дека оди на стрелиште и дека е „одличен стрелец во реалниот живот“.

– Момчето на распитот изјави дека го фалеле сите на стрелиштето, и татко му и персоналот, дека е „прецизен и добар стрелец“, а од одговорот се откри и дека „веројатно немаше да реши да пука ако не го фалеле толку многу“ – вели соговорникот вклучен во истрагата.

Тој додава дека на распитот најмладиот масовен убиец бил ладен и дека не може да се каже дека се покајал за трагедијата што ја предизвикал.

-Тој рече дека кога пристигнала полицијата не знаел дали убил некого бидејќи не видел крв. Но, и тој ден кога го испрашуваа, па дури и родителите на повредените деца му поставуваа прашања, тој не покажа никакво сочувство и каење. Едноставно рече дека „убиените деца не му биле пријатели“. Интересно е, додава тој, што момчето убиец можело да одбие да сведочи во истрагата против неговиот татко, но сепак решил да одговори на прашањата.

– Неговата мајка, односно сопругата на татко му, претходно го искористила законското право да не сведочи против најблиските – вели соговорникот.