Убиецот од Прага, кој во масакрот на Филозофскиот факултет уби 10 луѓе и рани најмалку 24, пред крвавиот поход го убил својот татко дома.
Според полициски извор, убиецот бил Чех, студент по историја со психички проблеми. Тој, наводно, го убил својот татко дома, а потоа таму поставил рачно изработена бомба, која сепак не експлодирала.
Потоа отишол на факултет со оружје во рака. Според достапните слики и видеа, најверојатно се работи за автоматска пушка.
Да потсетиме, по злосторството, убиецот се самоуби пукајќи во себе, а потоа паѓајќи од зградата.
„Убиецот е елиминиран! Целата зграда моментално е во процес на евакуација и има неколку десетина мртви и ранети“, соопшти полицијата во врска со пукањето на Филозофскиот факултет на Универзитетот.