Има индикација дека на 300 метри пред местото на катастрофата имало истекување на горивото и чад.

Ова во интервју за бугарската Нова телевизија го изјави регионалниот министер Виолета Комитова, пренесува софиски „Дневник“.

„Местото каде се наоѓа клучката за излез од патот кон с.Боснек, каде на 23 ноември се случи трагедијата со македонскиот автобус во кој загинаа 45 патници, не е автопат или брз пат, туку обичен меѓуградски пат“, вели Комитова.