Бразилецот Атос Саломе Фернандез (37) е парапсихолог и јасновидец, кого го нарекуваат и „Новиот Нострадамус“. Тој имал неколку предвидувања што се покажале точни, па заради тоа денес има голема слава во родната земја, но и низ целиот свет.
Новиот Нострадамус, пред да почне да работи како јасновидец бил скаут за модели, чијашто работа била да трага по млади и неоткриени лица. Но, откако тоа не му успеало, почнал да се занимава со сосема поинаква професија.
Во една изјава рече дека првата визија ја имал на само 12 години, а дека талентот го наследил од неговиот пра-прадедо, кој исто така бил јасновидец.
„Отсекогаш сум имал точна интуиција и остра перцепција“ – рече Атос.
Денес Атос е мошне популарен на Инстаграм, каде има над 84.000 следбеници, а редовно ги објавува своите предвидувања за важни настани во светот, но и во Јужна Америка.
Тој појаснува дека за своите предвидувања се користи со старата еврејска наука Кабала, а стана мошне популарен откако се покажа дека се точни неговите предупредувања за појавата на корона вирусот, смртта на кралицата Елизабета, и откако го погоди точниот резултат на европското првенство во фудбал.
Новиот Нострадамус уште во ноември минатата година, во изјава за Daily Star го предупреди британскиот крал Чарлс, дека треба повеќе да внимава на здравјето на простата:
„Кралот треба особено да внимава со уринарниот тракт и половите органи, а можни се компликации и со простата“.
Тогаш Атос рече дека е веројатно кралот да абдицира од тронот заради здравствени причини, но да не му го предаде тронот на Вилијам, туку на некој друг.
Сега тој тврди дека успеал да го предвиди и денот кога голем број компјутери кои работеа со оперативниот систем Microsoft почнаа да откажуваат на глобално ниво, па тоа предизвика откажани летови, голем број редици на аеродромите и проблеми во работењето на банките и другите јавни институции.
„Последното глобално гасење на услугите на Microsoft може да биде предвесник за голем број други посериозни конфликти“ – вели тој и додава дека по ова голем број нации може да се одлучат да користат сајбер оружје, кое може да го блокира работењето на цели инфраструктури, без да има човечки жртви.
Според него војната меѓу Иран и Израел е најава за Третата светска војна, затоа што е веројатно тензијата меѓу овие две земји да ескалира, а тие да почнат да користат вештачка интелигенција во конфликтот.
Според него, Третата светска војна во голема мера ќе се заснова повеќе на сајбер напади, со цел да се отежне технологијата, комуникацијата и одредени нации да бидат доведени пред колапс.