Преплашената пејачка Силвија Мишановиќ, попозната како Супер Силви, контактирала со редакцијата на Слободна Далмација:

„Три лица ме претепаа со бејзбол палки во паркот пред зградата каде што живеам во Загреб! Ми се заканија дека ќе ме убијат“, ни кажа пејачката и ни испрати фотографии од повредите, пишува Слободна Далмација.

Повредите се страшни, нозете на Силви се речиси црни од ударите.

„Знам кој ме нападна“, изјави Силви за новинарите. Таа моментално престојува со својот менаџер и пријател Сенад Хасиќ во Загреб.

Како што дознава Слободна Далмација од Хасиќ, физичкиот напад на Супер Силви се случил и кон крајот на минатата година кога пејачката била нападната од заседа во поширокиот центар на Загреб. Силви два пати заврши во болница со тешки повреди.