Дека љубовта навистина може да се случи на необични места, но и во необични ситуации, доказ е полицаецот Марко, службеник во Полициската станица Сисак во Хрватска, објави полицијата.
ПУ Сисак-Мославина објави дека нивниот полицаец Марко ја запросил девојката.
– Дека љубовта навистина може да се случи на необични места, но и во необични ситуации, сведочи нашиот Марко, полицаец од Полициската станица Сисак. Марко немаше поим дека еден обичен работен ден ќе му го промени животот. При рутинска сообраќајна контрола и контрола на возилото, тој го запрел автомобилот, а зад воланот седела девојка, сега негова свршеница. Така започна нивната приказна, а по точно една година нашиот полицаец Марко реши да направи голем чекор. Подготвил цвеќе, прстен и посебно место – токму улицата каде првпат се сретнале – пишува на полицискиот сајт.
– Нивната приказна е доказ дека љубовта може да најде начин и во најнеочекуваните ситуации. Полициската управа на Сисак-Мославина им посакува се најдобро во понатамошниот заеднички живот – им посакаа среќа на идните младенци.