На Фејсбук се споделуваат постови, во кои се предупредуваат мајки да внимаваат на децата, бидејќи вчера во паркот во населабата Ѓорче Петров се одвивала драма во обид, како што пушваат, да се киднапира дете.
На постовите на Фејсбук се споделува дека мајка со детето била во парк, а додека си играло детето му пришла жена, која седела на клупите со дете, кое било скоро тинејџерка, а која го фатила за рака нејзиното дете и тргнала со него надвор од паркот. Но, мајката кога го видела тоа почнала да вика по полицијата, а жената застанала. Загрижената мајка настанот потоа го пријавила во полиција.
Од МВР во врска со настанот велат дека:
– Вчера околу 14 часот А.Б.(40) од Скопје пријавила во ПС Ѓорче Пртров дека во паркот во Ѓорче Петров позади општината, додека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот. М.М. е писмено предупредена и известен е јавен обвинител, информираат од МВР.