





СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС






САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
Обид за убиство во полициска станица во Македонија
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.






Како што се наведува во соопштението на ЈО, на 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната.
Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот.






Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО.