Вчера околу 12.10 часот на магистралниот пат Цетиње – Будва, во местото Обзовица, се случила сообраќајна незгода кога автобус „Мерцедес“ управуван од возачот Н.С. (36) од Никшиќ излетало од коловозот. Во автобусот немало македонски државјани.

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа – машко лице во чиј џеб при преглед е пронајдена патна исправа на име А.Н.Д. (66) од Велика Британија, како и А.Б. (19) од Подгорица.

Патници со тешки телесни повреди

Тешко е повреден Л.Б. (29) од Украина, С.К. (20) од Подгорица, Н.О. (25) од Тиват и Л.Д.К. (72) и се сместени на ортопедското одделение, додека Н.Ф. (72) од Будва е однесен на операција на градниот кош.

А.С. (33) од Украина се здобил со тешки телесни повреди и бил сместен на одделението за интензивна нега, додека Ј.Т.К. (64) од Велика Британија, кој исто така се здобил со тешки телесни повреди, е сместен на коронарното одделение во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Возачот Н.С. се здобил со повреди чија тежина се уште не е потврдена од дежурниот лекар, но ова лице е задржано на неврохируршкото одделение на Клиничкиот центар за дополнителни контроли, соопшти Полициската управа на Црна Гора.

Со полесни повреди се здобиле 17 патници

А.Ч. (22) од Будва се здобил со полесни повреди, како и Т.Р. (22) од Србија, В.Б. (48) од Русија, Д.Ј.Т. (19) од Полска, Ј.Л. (19) од Полска, И.Ф. (40) од Будва, С.К. (42) од Босна и Херцеговина, М.Ј. (68) од Украина, Ј.О. (22) од Украина, А.М. (19) од Цетиње, К.Т. (38) од Јапонија, М.Л. (25) од Англија, Е.Л.К. (73) од Шведска, Г.Т. (65) од Шведска, Н.М. (42) од Подгорица и С.В. (24) од Никшиќ.

Тројца патници не се воопшто повредени. Сообраќајната незгода најверојатно настанала поради тоа што возачот кој со наведениот автобус се движел од правец на Цетиње во правец на Будва, пристигнувајќи на критичното место од засега непознати причини изгубил контрола над автобусот и , пробивајќи ја заштитната ограда, слетал во пропаст со длабочина од околу 20 метри.

Дежурната обвинителка при Основното државно обвинителство Цетиње излегла на местото на настанот и извршила увид со сообраќаен вештак и службеници од Одделението за безбедност Цетиње, по што наредила од возачот да се земе крв и урина за анализа за присуство на алкохол и психоактивни супстанции и дека автобусот е дислоциран за потребното вештачење.

По наредба на тужителот, возачот Н.С. е лишен од слобода поради сомнение за сторено тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот и од страна на полициски службеници е обезбедуван во Клиничкиот центар на Црна Гора, а во законскиот рок ќе биде изведен пред надлежни органи.