Мирза Бешиќ (42) е осуден на доживотен затвор во Шведска за убиство на бремената девојка (32). На 3 декември минатата година, по злочинот, Бешиќ се јавил во полициска станица и признал дека ја усмртил својата девојка, пренесува Афтонбладет.

После тоа со автомобил од местото на настанот се упатил во полициска станица, каде што бил уапсен.

Тој во средата беше осуден на доживотен затвор бидејќи ја усмртил девојката и нејзиното неродено дете.

– Жена која била во 27. недела од бременоста лежела во кревет во крв со преку 50 убоди. Раните биле претешки и немало спас за неа, набрзо по доаѓањето на лекарите починала.

Како што пишуваат шведските медиуми, убиената и Бешиќ кратко се забавувале пред таа да забремени.

– Во септември минатата година неговото однесување почна да се менува, а психичката состојба драстично му се влоши. Убиената пред злосторството ѝ рекла на својата сестра дека не сака нејзиниот партнер да биде присутен на ултразвук, бидејќи поради бременоста не ја покажувал истата среќа како неа – изјавиле очевидци.

Бешиќ на распитот рече дека долго време се чувствувал лошо и дека мислел дека сите се против него, па дури и неговата партнерка.

Бешиќ тогаш призна дека ден претходно се обидел да си го одземе животот.

– Ми се стемни, зедов нож и ја избодев. После тоа само сакав да излезам од таму – рекол тој.

По убиството, Бешиќ отишол во продавница и купил цигари и кока-кола. Потоа отишол во куќата на својот татко и му кажал што направил, пред да се пријави на властите.

За случајот е извршено судско-психијатриско вештачење со кое е утврдено дека тој не боледувал од тешко психичко растројство во моментот на убиството.