Порталот Б92 објави мапа на Европа со просечни вредности на коефициент на интелигенција за сите европски народи.

Картата покажува дека Србите, Црногорците и Албанците се нации со најнизок просечен коефициент на интелигенција во Европа.

Мапата ја изработил чешкиот лингвист Јакуб Маријан, а користел податоци од истражувањето на Британецот Ричард Лин и Тату Ванханен од Финска, кои ја објавиле во книгата Intelligence: A unifying construct for the social sciences.

Според овие заклучоци и картата која се шири на социјалните мрежи, просечната интелигенција на граѓаните на Србија е 90, Македонија 91, Босна и Херцеговина 93, а Хрватска и Словенија 98.

Помалку интелигентни од Србите, според оваа карта се само Црногорците со 83 и Албанците со 82, што е најнизок коефициент на интелигенција во Европа. Грција и Бугарија имаат 93, Украина 94, Полска 96, Шпанија 97 и Русија 97.

Според оваа карта, најинтелигентни се народите од Западна Европа. Франција и Норвешка имаат 98, Германија, Шведска и Обединетото Кралство 99. Најинтелигентни луѓе се Финците, со просек од 101.