По видеото од Модрича на кое кик боксерот Љубан Хофман Видовиќ во друштво на неколку непознати мажи упаѓа во неколку угостителски објекти заканувајќи им се на сопствениците, се појави насилно видео од неговиот брат Миљан.

Учесниците на видеото во кое Љубан Видовиќ се заканува во кафулињата во Модрича подоцна изјавија дека сето тоа е само шега, а истото го потврди и сопственикот на еден од објектите во Модрича што Хофман ги посетил.

Дека браќата Хофман можеби и не се шегуваат покажа видео кое деновиве се појави на социјалните мрежи, а на кое вториот брат Видовиќ, Миљан малтретира келнер.

Како што може да се види на видеото, Миљан малтретира келнер бидејќи наводно недолично и се обратил на неговата ќерка. Тој е придружуван од уште двајца мажи. Во видеото Миљан Хофман му удира шлаканица на келнерот и го удира во стомакот. Снимката наводно била направена во ресторан на Фрушка Гора.

Браќата Хофман се од Бјелина и двајцата беа успешни кикбоксери. На полицијата и биле познати по неколку кривични дела, меѓу кои и киднапирања. Миљан Хофман годинава беше снимен во друштво на клабери предводени од генералниот секретар на Владата на Србија, Новак Недиќ, пред состанокот на СНС во Панчево.