Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот.

Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството на градскиот плоштад во Штип каде загина 25-годишник. МВР информираше дека во него пукал 21-годишен маж, а потоа четири лица му помогнале да избега.

Инаку, ниту убиецот, 21-годишниот К.К. ниту жртвата 25-годишниот Е.О. се активни студенти на Универзитетот Гоце Делчев – Штип.