Службите и граѓаните трагаат по 72-годишен маж на кој веќе една недела му се губи секаква трага.
Станува збор за Марк Јорис, кој последен пат бил забележан на 18. септември во атарот на селото Лакајца, Струшко додека се движел по познатата патека High Scardus Trail.
На „Фејсбук“ страната на Галичица е објавено дека според рутата, се очекувало да помине низ Вевчани, Охрид и Националниот парк Галичица се до манастирот Свети Наум, каде што завршува последната етапа од патеката.
Според информациите од полицијата, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но не се знае дали лицето се упатило на планинарење.
Од МВР информираа дека исчезнатиот е висок 182 сантиметри и со слаба градба. Бил облечен во сиви панталони, кафеава блуза со комплет планинарска опрема со вреќа за спиење, стап за планинарење, државјаннин на Белгија, зборува англиски, не зборува македонски.