Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. За тоа време, дел од топлата која дојде на погребот на Навални, скандираше „Путин е убиец“.
Ималo и мали нереди, полицијата го ограничуваше пристапот, а граѓаните ги пробија кордоните. Руските власти најавуваат одговорност за ваквото однесување.
„Непознати лица се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, се пожали портпаролката.
⚡️At Alexei Navalny's funeral, people chant "Putin is a killer" pic.twitter.com/wv5Zdlaifm
— NEXTA (@nexta_tv) March 1, 2024
Погребот треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва. Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време во црквата.
Alexei Navalny pic.twitter.com/bXwx5iTBWb
— The Anti-Corruption Foundation (@ACF_int) March 1, 2024
Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални. Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.