На социјалните мрежи започна да кружи снимката снимена во белградскиот клуб „Готик“ ноќта кога исчезна Матеј Периш од Сплит.
Како што пишува српски „Курир“, на снимката што ја направиле посетителите на клубот со мобилен телефон, се гледа дека на сцената пее Слободан Вељковиќ- Цоби, кој ноќта на 30-ти спрема 31-ви декември настапуваше во овој клуб со својата колешка Елена Китиќ.
Потрагата по Матеј Периш (27) влезе во десеттиот ден. За исчезнувањето на младиот сплитќанец има многу непознати работи. Матеј исчезна ноќта меѓу четвртокот на 30 декември кон петокот 31 декември 2021 година во Белград. Исчезнувањето било пријавено во полиција на 31 декември.
Матеј последен пат е виден покрај реката Сава околу клубот „Готик“. Тој бил во клубот со своите шестмина пријатели ноќта четврток кон петок, а во петокот тие го пријавиле неговото исчезнување во полиција. Неговиот татко Ненад Периш се уште е во Белград
– За жал немам никакви информации каде завршил мојот син. Тука сум во Белград и ќе бидам додека не добијам информациии. Јас сум во постојан контакт со белградската полиција, на располагање сум да им кажам што бараат од мене. Токму сега сум на влезот од црквата и одам да се помолам за Матеј, тој е жив за мене и така ќе биде се додека не ме разубедат со докази. Мојата најголема желба е да го гушнам Матеј и да си кажеме еден на друг дека одиме понатаму низ животот, без разлика што се случувало досега, изјави Ненад Периш за 24сата.
Објавена е и фотографија на која наводно се гледа каде стоел Матеј со другарите таа вечер, објавуваат српските медиуми.
Од претходно објавеното видео се гледа дека атмосферата во клубот била весела, нема конфликт или проблем.
Според информациите кои кружат на социјалните мрежи, а кои наводно ги пренесуваат оние кои кобната ноќ биле во „Готик“, Матеј со пријателите стоел во близина на бината, пишува Блиц.рс.
На снимката не се гледа дека немало инциденти во клубот, но тоа се само кадри од таа вечер.
Да потсетиме, потрагата по Матеј, кој кобната ноќ истрча од клубот, а потоа исчезна без трага, трае веќе 10 дена. Таткото на Матеј со денови е во Белград и ја следи потрагата по синот.
Нуркачите со денови ја пребаруваа реката во близина на салата Бетон, но не беше пронајдена трага. Снимките од безбедносните камери открија само дека Матеј истрчал од клубот околу 2 часот по полноќ, се обидел да запре такси возило, а потоа исчезнал.