Сите градови кои се под украинска управа во источниот регион Луганск се под постојано и се посилно руско бомбардирање, јавуваат локалните власти. Двајца луѓе загинале во градот Попасни, каде се нападнати и станбени објекти, а се водат и улични битки. Руските сили ги гранатраат трафостаниците и далноводите, па така дел од градовите останаа и без струја, но и вода откако беше погодена и електраната за пумпена станица.

Челичарницата Азовстал во пристанишниот град Мариупол, каде се кријат цивилите и дел од војниците и натаму е цел на воздушен напад, тврди украинската страна. Доколку оваа информација се потврди како точна, тоа ќе значи дека Русија повторно ја менува тактиката, откако во четвртокот претседателот Путин нареди да сопре нападот врз Азовстал, но да остане под блокада, за ниту мува да не прелета.

– ВО НАСОКА МАРИУПОЛ, НЕПРИЈАТЕЛОТ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ БЛОКИРА НАШИТЕ ЕДИНИЦИ ВО ОБЛАСТА НА ФАБРИКАТА АЗОВСТАЛ И ДА ВРШИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГРАДОТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И КОРИСТЕЊЕ НА АВИОНИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ. ИНЖЕНЕРСКА ЕДИНИЦА ПРИСТИГНА ВО ОКУПИРАНИОТ ГРАД ЗА ДА ЈА РАСЧИСТИ ПРИСТАНИШНАТА ИНФРАСТРУКТУРА НА МАРИУПОЛ, ИЗЈАВИ ОЛЕКСАНДР ШПУТИН, ПОРТПАРОЛ НА ВОЈСКА ВО УКРАИНА

Вчерашниот хуманитарен коридор од уништениот Марупол не успеа. Властите во Киев се надеваат дека денеска ќе извлечат жени, деца, стари луѓе и повредени. Украинските војници велат дека под урнатите згради во подрумите има заробено луѓе, а тие одржуваат контакт со цивилите кои им се достапни. Во бункерот на Азовстал има и мртви, но и луѓе со мали бебиња. Тука се кријат веќе два месеца.

ИЗВАДЕТЕ НЕ ОД ТУКА, САКАМЕ МИРНО НЕБО. САКАМЕ ДА ДИШЕМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ. НЕМАТЕ ПРЕТСТАВА ШТО ЗНАЧИ ЗА НАС ХРАНА И СЛАДОК ЧАЈ. ВЕЌЕ Е СРЕЌА, ВЕЛИ ЦИВИЛКА ОД МАРИУПОЛ КОЈА СЕ КРИЕ СО ДЕТЕТО ВО АЗОВСТАЛ.

Во Буча, каде првично беа откриени телата на убиените цивили, продолжува идентфикацијата на загинатите. Украина отвори речиси 8000 криминални истраги поврзани со воени злосторства и 500-тини осомничени. Според украинската обвинителка, руската стратегија е иста во сите заробени градови.

– ЈА ГЛЕДАМЕ ИСТАТА СТРАТЕГИЈА ВО СИТЕ ЗЕМЈИ, КОГА ДОАЃААТ ДО ГРАДОВИТЕ, КОИ НЕ САКААТ ДА КАПИТУЛИРААТ, ИМААТ ПЛАН А: ГРАДОВИТЕ ТРЕБА ДА КАПИТУЛИРААТ, АКО НЕ САКААТ ОДАТ НА ПЛАН Б: МАКСИМАЛНО ДА ГО ЗАПЛАШАТ НАРОДОТ. УБИСТВА, СИЛУВАЊЕ, ТОРТУРА И ДРУГИ БРУТАЛНИ РАБОТИ. ТОА Е СТРАТЕГИЈА НА ВОЈНА, ВЕЛИ ИРИНА ВЕНЕДИТКОВА, ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА УКРАИНА.

За украинскиот премиер ужасот од Мариупол е катастрофа на векот.

Во меѓувреме, мировните преговори стојат во место. Нов обид да ги сретне и смири завојуваните страни ќе има генералниот секретар на ОН, Антоно Гутереш, кој следната недела ќе се сретне со рускиот претседател Путин, а потоа и со Зеленски.