За жал, потрагата по исчезнатата Данко Илиќ (2) имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утринава се уапсени две лица осомничени дека со автомобил го усмртиле мало девојче, а потоа нејзиното тело го фрлиле во дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомира Путник“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишното девојче Данска, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата, пишува Информер.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. за помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, според пријавата на мајката.

– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојката и ја усмртил – вели извор од истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.