Српските медиуми ги објавија фотографиите од возилото на музичарот Ѓорге Давид со кое усмрти жена кај Куманово. Република.рс го покажа Опелот“ на Давид на кој може да се забележи дека предниот дел од возилото е целосно уништен, додека страните се речиси целосно вдлабнати.
Искршен е и задниот браник, а вратата на автомобилот е видно оштетена. Ветробранското стакло беше скршено, а парчиња стакло беа расфрлани по седиштата.