Битолски и крушевски полицајци, по добиена судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и во други простории на 71-годишниот П.К. од Крушево, за кого жители на градот велат дека со децении работел како мајстор-пушкар и бил еден од најдобрите во Македонија.
Како што соопшти МВР, во домот на пензионерот се пронајдени над 60 пушки, преку 60 пиштоли и околу 2.000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен обвинител, велат од полицијата.
По целосното расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена пријава, додаваат од МВР.