Во државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, сменети се члнови на Надзорниот одбор.
Како акционерско друштво поседувано од државата, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ, ја информира инвеститорската јавност преку Берзата дека, со одлука на Владата, а која всушност има важност како одлука на Собрание на акционери на одредено акционерско друштво, отповикани од должноста се Димитар Џеков и Едмонд Калиќи – независен и предложен од синдикалната организација, а за нови членови на Надзорниот одбор се именувани Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ, независен и член предложен од синдикалната организација.
Како што известуваат од ова државно АД, Надзорниот одбор на М-НАВ сега го сочинуваат Кристијан Михајлоски, Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ.