На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на 29-годишниот Марко Давчев, кој за исчезнат е пријавен на 9 декември во Полициска станица во Струмица.

Дваесет и деветгодишното момче Марко Давчев од Струмица кој пред една недела е пријавен за исчезнат од неговиот татко се уште не е пронајден, но полицијата, како што велат од СВР Струмица за ММС по него трага веднаш штом бил пријавен.

„Исчезнувањето на момчето е пријавено од страна на неговиот татко и уште од првиот ден се преземаат интензивни мерки за негово пронаоѓање“, вели Александра Трајанова, портпаролка на СВР Струмица за ММС.

На социјалните мрежи се споделува апел за помош и пронаоѓање на Марко Давчев кој на 9 декември 2023 бил пријавен за исчезнат. Приложена е и фотографија од Марко со апел:

„Од Марко Давчев нема ни трага ни глас веќе една недела. Доколку имате било каква информација, пријавете во полиција!“.