Прилично необична и крајно опасна желка -алигатор со вилици доволно силни да оштетат дури и коски со своето каснување, беше пронајдена во Камбрија, северозападна Англија .

Желките од овој вид се првенствено ендемични на реките и мочуриштата на Флорида и се препознаваат по нивната карактеристична обвивка, што ги прави да изгледаат како… алигатор.

Овој конкретен слатководен рептил бил забележан во Урсвик Тарн во Камбрија и бил спасен од локална советничка која, не знаејќи што точно пронашла, ја ставила желката во кошница и ја однела на ветеринар.

„Изгледаше прилично патетично. Се јавив во разни служби, што воопшто не помогна. Сите мислеа дека е обична желка, но не беше“, изјави таа за еден локален весник, додавајќи дека најверојатно е во сопственост на љубител на егзотични животни кој повеќе не можел да се грижи за неа.

Желките што изгледаат како алигатори се инвазивен вид кој лесно може да скрши дури и коски и може да ги отсече човечките прсти, според Енциклопедија Британика.

Овие желки се ловци кои обично се хранат со риби, жаби, мали цицачи, па дури и други желки. Тие можат да достигнат должина од 100 см и тежина до 90 кг.