Најмалку три лица се ранети во пукање во трговскиот центар Сиам Парагон во Бангкок, соопшти премиерот на Тајланд. Полицијата соопшти дека 14-годишно лице е уапсено и дека користело пиштол, пренесува агенцијата АФП.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како купувачите бегаат од трговскиот центар. Во едно од видеата, во прометниот трговски центар јасно се слушаат четири гласни звуци кои звучат како истрели. Сведоците пријавиле и дека се криеле во продавниците и во тоалетите.
Трговскиот центар и блиската метро станица Сиам се затворени, објавија локалните медиуми.
BREAKING: Thailand PM says 'shooting' at Siam Paragon mall in Bangkok, hundreds flee https://t.co/a5Jgul1U0o
ฺ #พารากอน #Paragon pic.twitter.com/xk7AiYC5YO
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) October 3, 2023
BREAKING: Shooting incident at Siam Paragon Tuesday afternoon. No casualties reported as of 4.50pm but many shoppers fled the mall. PM Srettha and new police chief heading there.This is a developing story. #Bangkok #Thailand pic.twitter.com/k1hQw8Udnb
— Khaosod English (@KhaosodEnglish) October 3, 2023