Во следните нешто повеќе од една година, на македонските граѓани повеќе нема да им треба виза за патување во Кина, а во таа земја ќе можат да останат без виза до 30 дена, објавено е денеска.
Граѓаните на Македонија, Грција, Хрватска, Јапонија, Бугарија, Романија, Црна Гора и други земји повеќе нема да имаат потреба од виза за влез во Кина од 30 ноември оваа година до 31 декември 2025 година, изјави во петокот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Кина, исто така, ќе го продолжи безвизниот престој во земјата на 30 дена од сегашните 15 за граѓаните од сите 38 земји како дел од таа програма, објави државната телевизија CCTV.
Кина претходно ги укина визите за Јужна Кореја и некои европски земји за да го поттикне туризмот и трговијата во услови на забавување на економскиот раст.