Јелена Карлеуша рано утринава изјави дека потпишала спогодбен развод по 16 години. Таа го потпишала овој документ во друштво на нејзиниот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат Душко Тошиќ, пишува Телеграф.рс.

Карлеуша потпиша спогодбен развод од сопругот Душко Тошиќ. Тие беа во врска 16 години, а имаат две ќерки Атина и Ника. Душко Тошиќ во кариерата заработил меѓу 13 и 18 милиони долари, а Јелена Карлеуша е една од најголемите пејачки ѕвезди на Балканот. Нејзината заработка не е јавно објавена. Таа најави како ќе го подели имотот.

„Поради разни медиумски и социјални шпекулации, ќе додадам дека целиот заеднички имот (стекнат во брак) оди на нашите деца Атина и Ника. Јас сум старател на нашите деца“, изјави Јелена Карлеуша. „Другата страна“ немаше поинаков предлог.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)