ОБНОВЕНО: Не е точно дека Васко Ковачевски се откажал од македонското државјанство
Откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Ковачевски не е уапсен, односно дека тој не е достапен за органите на прогонот, дел од медиумите излегоа со информација дека тој побегнал во Србија и дека се откажал од македонското државјанство. Веста дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство брзо ја демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, осомничен во предметот познат како „Адитив“, се откажал од македонското државјанство.
Ковачевски се откажал од македонското државјанство. Па нормално…македонското државјанство е погодно за крадење во Македонија, ама не и за бегање низ Европа, стои во објавата.
Кога излегоа првичните и неофицијални информации на 10 декември за координирана акција на Обвинителството и полицијата, дел од медиумите неточно објавија дека бил уапсен поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, за што Вистиномер веќе пишуваше.
Но, шпекулациите и дезинформациите не застанаа тука. Откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Ковачевски не е уапсен, односно дека тој не е достапен за органите на прогонот, дел од медиумите излегоа со информација дека тој побегнал во Србија и дека се откажал од македонското државјанство.
Веста дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство брзо ја демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Посоченото лице е во рамките на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Согласно информациите што ги поседувам, не побарало отпуст. Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа и би оставил органите на прогонот да постапуваат, рече Тошковски.
Изјавата на Тошковски може да се слушне и на видеото на Јутјутб.(од 0:28 до 0:57 минута)
Од сето погоре можеме да заклучиме дека не е точно оти Ковачевски се откажал од македонското државјанство, а потврда за тоа стигна од министерот за внатрешни работи. Поради тоа, оценуваме дека објавата што ја анализираме е неточна.