ОБНОВЕНО: Претседателот на Синдикатот на контролори на летање не бил приведен, туку повикан на службен разговор

Тасевски не бил приведен, туку повикан на информативен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски. Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради спроведување на лице во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата“.

Има разлика меѓу приведен и повикан

Но, оваа информација не е точна. Имено, Тасевски не бил приведен, туку повикан на службен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски.

Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А. Т., вработен во М-НАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф. Х. и Д. Х., раководни лица во М-НАВ за испратени закани по меил од страна на А. Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава. На 3 јануари 2024 г. со покана е повикан А. Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, соопштија од МВР.

Тасевски на прес-конференција одржана на 4 јануари 2024 година, изјави дека бил повикан телефонски на разговор во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, утрината, телефонски бев повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи, каде што ми беше презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори, Фахрудин Хамиди и Хасим Деари, коишто поднеле кривична пријава против мене врз база на имејл кој бил доставен до нив, поради наводно чувствување загрозеност на нивните животи и сигурност, по член 144 став 2 од Кривичниот законик, рече меѓу другото Тасевски.

Полициски правилник јасно го дефинира приведувањето

Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради спроведување на лице во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата“.

Од сето погоре може да се заклучи дека Тасевски не бил приведен во полиција, туку бил повикан на службен разговор, бидејќи имало пријава против него за закани. Информацијата дека имало негово приведување, како што беше пренесена во неколку објави на Фејсбук, е неточна. (vistinomer.mk)