Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и член на Советот на Град Скопје Стефан Андоновски со коментар откако се објави дека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ќе застане на чело на партијата „Нова Алтернатива“.
Андоновски упати неколку прашања.
– Се надевам медиумите утре ќе ја прашаат госпоѓата дали нејзината партија останува во коалиција со СДСМ? Од кога госпоѓата е член на НА? Дали ја поддржува и досегашната работа на Нова Алтернатива како најголем поддржувач на Заев и Ковачевски? Дали ја искористија оваа пајтон-партија затоа што не може да собере доволно потписи за нејзината партија. Правда? И на крај, дали срамот има цена? – напиша тој како коментар на веста дека Арсовска ја превзема партијата.