Поради големиот интерес на јавноста, Вишото јавно обвинителство во Белград ја информира јавноста дека од комисиското вештачење на лекар специјалист на Институтот за судска медицина е констатирано дека смртта на Дејан Јовиќ настапила по природен пат, а дошло поради тешка билатерална пневмонија, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, односно ковид 19, и резултирачките компликации од оваа инфекција во форма на прогресивно влошување на функцијата на белите дробови и развој на шок.
„Според мислењето на вештакот, се наведува дека ‚Фаталниот исход на сега покојниот доктпор Дејан Јовиќ настапи и покрај сите мерки на интензивно лекување преземени за време на престојот во специјализираната болница, од вкупно речиси три и пол недели. Врз основа на медицинската документација во документите може да се каже дека причина за смртта на Дејан Јовиќ не е пронајдена во ниту една друга околност што не е директно поврзана со вирусната инфекција САРС-КоВ-2“.
Со анализа на медицинската документација во документите поврзани со лекувањето на покојниот Дејан Јовиќ, констатирано е дека сите поединечни наоди се меѓусебно конзистентни, јасни и логични според правилата на лекарската професија, како и дека текот на болеста опишан во медицинската документација е опишан правилно, јасен и логичен и дека јасно е дека смртта е логична последица од таквиот тек и историја на болеста од која сега е починат Дејан Јовиќ.
По добивањето на мислењето потпишано од Комисијата на вештаци, која ја сочинуваа: двајца доктори по судска медицина, специјалисти за инфективни и тропски болести и специјалисти по анестезиологија, ревматологија и интензивна нега, Вишото јавно обвинителство во Белград наскоро ќе донесе одлука околу кривичните пријава кои беа поднесени во врска со смртта на Дејан Јовиќ“, наведува Вишото јавно обвинителство во Белград.
Да потсетиме, Вишото јавно обвинителство во Белград постапи по кривичната пријава на Новиот полициски синдикат на Србија, поднесена на 4 март против повеќе познати и неидентификувани лица, поради сомнение дека сториле кривично дело убиство, на штета на српскиот припшадник на МУП, д-р Дејан Јовиќ.
Кривичната пријава веднаш била споена со веќе постоечките пријави за случајот КТР 32/22 и ВЈТ веднаш и биоле дадени наредби на полицијата да ги собере потребните информации и медицинска документација.