Како што веќе објави „Фокус“, поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, понудил гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода, односно за да излезе од „Шутка“. Денеска се очекува Кривичниот суд да донесе одлука дали ќе ја прифати гаранцијата, односно дали ќе му се дозволи да се брани од слобода.

Како што дознаваме, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, дало позитивно мислење, односно не се противи на барањето на Мијалков да се брани од слобода, а за возврат да му се прифати понудената гаранција.

Мијалков се наоѓа во притвор по изрекувањето на пресудата за случајот „Трезор“, кога беше осуден на 8 години затвор. Во случај да биде пуштен и да избега, тогаш ќе остане покус за 7,5 милиони евра.

Инаку засега се уште нема детали од Обвинителствот за предистрагата поврзана со бегството на Мијалков, што се случи пред изрекувањето на пресудата за „Таргет и Тврдина“. Тогаш тој исчезна на 48 часа, по што самиот се појави и тврдеше дека бил болен.

За случајот со нелегалното масовно прислушување поранешниот директор на УБК беше осуден на казна затвор од 12 години.