Тешка несреќа се случи синоќа на булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“ во Карпош 3. Поради несоодветна брзина, возило марка „Ауди“ заврши во жардиниерите, откако претходно удри во дрвата.

Брзата помош веднаш пристигна на местото, но засега нема информации во каква состојба се повредените.

Полицијата веднаш излезе на терен и изврши увид, додека многу граѓани се собраа и гледаа во неверување.

„Вакво нешто тука не е видено, ќе не испотепаат пред наша зграда“, велат граѓани за „Локално“, кои се нашле во непосредна близина.

Неофицијално, ова се случило поради улична трка. Автомобилот марка Ауди во моментот на несреќата возел со над 150 км/ч според очевидците.