Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска за време на самитот во Пјонгјанг потпишаа договор за соработка, кој вклучува ветување за взаемна помош доколку бидат нападнати.

Не беше јасно каква помош ќе бара договорот, опишан како „сеопфатно стратешко партнерство“. Путин додаде дека Русија не ја исклучува можноста за развој на воено-техничка соработка со Северна Кореја во тој договор, јавуваат руските државни новински агенции.

Ким рече дека договорот е од мирен и одбранбен карактер, според Риа Новости. „Не се сомневам дека тоа ќе стане движечка сила што ќе го забрза создавањето на нов мултиполарен свет“, рече Ким.

Русија и Северна Кореја потпишаа и договори за соработка во областа на здравството, медицинското образование и науката, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на веб-страницата на Кремљ.

Лидерот на Северна Кореја претходно вети целосна поддршка за војната на Русија во Украина пред да започне еден на еден состанок со рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг, во обид да ја прошират својата економска и воена соработка и да покажат обединет фронт против Вашингтон, пренесува АП.

Во продолжение погледнете како Путин беше пречекан во Северна Кореја: